Свет

Масакр: Шефот ја задавил, па ја искасапил на делови откако си ја побарала платата (ФОТО)

Масакр: Шефот ја задавил, па ја искасапил на делови откако си ја побарала платата (ФОТО)

Тинејџерка од Индија, 16- годишната Сони Кумари, е брутално убиена кога си ја побарала платата од работодавачот каде што работела како куќна помошничка.

Сони била вработена повеќе од една година во агенција која ангажира куќни помошнички во Њу Делхи, а нејзината плата ја здржувал сопствениот на агенцијата Манјет Синг Каркета.

Кога девојчето се обратило кај Каркети, и побарало исплата на нејзината заработувачка, тој ја задавил, а потоа и го расекол телото.

Локалната полиција го навела Каркета и уште двајца негови соработници за виновни, која ангажира девојчиња од сиромашни семејства за да работат како помошнички во богатите куќи.

Тие го намамиле девојчето во нивната агенција пред 3 години, во која работела за 6.000 рупии (75 евра) месечно, а неодамна си ја побарала платата за да си се врати во родното село.

Сони ја поканил во неговата куќа да разговараат и се обидел да ја убеди да остане, па откако таа одбила тој ја задавил и со помош на уште двајца соработници и го исекле телото на делови и го фрлиле.

Остатоци од несреќната девојка биле најденинаредниот ден, а полицијата успеала да го најде убиецот со помош на дојава од соседите.