Поранешниот фински претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Марти Ахтисари (83) заздравува по тринеделната борба со корона вирусот.
Претседателот Марти Ахтисари и неговата сопруга Ива Ахтисари на последните тестирања беа негативни на корона вирусот и продолжуваат за заздравуваат од болеста – се наведува во соопштението на кабинетот на финскиот претседател.
Според последните податоци, во Финска се потврдени 3.064 случаи на заразени од корона вирус и 59 починати од инфекцијата.