Свет 04. ноември 2019. / 10:14

Марш за убиените или исчезнати девојчиња и жени во Мексико

Марш за убиените или исчезнати девојчиња и жени во Мексико

Членови на семејствата на жени и девојчиња, кои се убиени или се водат како исчезнати, маршираа во Мексико Сити барајќи правда за жртвите.

Учесниците на маршот кои тргнааа од споменикот на Независноста кон плоштадот, носеa виолетови крстови со имињата на десетина жртви.

Маршот со мото „Ден на мртвите жени“, се одржа еден ден по одбележувањето на Денот на мртвите. Организаторката на маршот Фрида Гереро изјави дека учесниците бараат од властите да покаажт „вистински интерес“ за решавање на случаите убиства на жените.

Според податоците на Обединети нации во Мексико секој ден гинат по девет жени.