Млада манекенка е пронајдена мртва во стан на 41-годишниот доктор откако се предозирала со екстази и кокаин, пишува Дејли мејл.
Телото на 18-годишната Оља Лангил е пронајдено во станот на докторот во Брза помош, Навала Парих во Флорида. Освен кокаин и екстази, во нејзиното тело е пронајдено и фентанил и ксанакс, а нејзината смрт полицијата ја прогласила за случајно предозирање.
Парих на полицијата рекол дека манекенката ја запознал во бар и дека после неколку пијалоци заминале во неговиот стан каде шмркале кокаин, пушеле марихуана и имале сексуални односи.
Тврди дека заспале заедно, но дека тој подоцна се преместил на кауч во дневната соба. Додал дека во три часот утрината слушнал како хрчи, но дека во 9 часот сфатил дека е мртва.
Полицијата во неговиот стан пронашла неколку мали вреќички во кои имало хероин и кокаин.
Семејството на манекенката се сомнева во околностите на нејзината смрт, па замолиле да им се јават сите кои биле во контакт со неа.
Доктор Парих и понатаму роаботи во болницата Борвард Хелт Норт, но од болницата пријавиле дека за неговите пациенти е пронајдена замена додека не заврши истрагата.