Свет 17. март 2019. / 14:23

Макрон: „Жолтите елеци“ ја уништуваат Републиката

Макрон: „Жолтите елеци“ ја уништуваат Републиката

Претседателот на Франција Емануел Макрон ги осуди нередите организирани од „Жолтите елеци“.

Според неговите зборови, демонстрантите имаат намера да ја „уништат Републиката“.

– Она што се случи на Елисејските полиња веќе не може да се нарече манифестација. Тие луѓе сакаат да ја уништат Републиката. Во тоа се вмешани сите кои беа таму. – напиша Макрон.

Тој укажа на потребата да се донесе цврста одлука за тоа да не се случи.

Инаку на вчерашниот протест во Париз учествуваа повеќе од 7000 луѓе, од кој дел од нив се однесувале „агресивно“.