Свет 02. декември 2018. / 11:35

Макрон за протестите: Ништо не ги оправдува нападите врз полицијата, оргабувањето и палењето

Макрон за протестите: Ништо не ги оправдува нападите врз полицијата, оргабувањето и палењето

Францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека синоќешниот бран насилство и вандализам во Париз на никаков начин не може да се оправда и дека нема никаква врска со мирно манифестирање на легитимниот гнев.

– Ништо не ги оправдува нападите врз безбедносните сили, ограбувањето на продавници, палењето на јавни и привати згради, заканите врз минувачите и новинарите или уништувањето на Триумфалната капија. – нагласи Макрон во Буенос Аирес, каде учествуваше на Самитот на Г-20.

Истакна дека оние кои извршуваат насилство само сакаат да шират хаос.

– Тие ги изневеруваат целите кон кои тврдат дека се стремат. Ќе бидат идентификувани и повикани на одговорност пред судот за нивните постапки. Секогаш ќе ги почитувам протестите, но нокогаш нема да прифатам насилство. – порача Макрон.

Париската полиција соопшти дека на вчерашните протести во Париз се упасени 270 лица, додека 110 се повредени, меѓу кои и 17 полицајци.