По трите исламистички напади за еден месеци во Франиција, Емануел Макрон ги повика лидерите на мнозински муслиманските земји да состават своевидна повелба на вредности која во иднина ќе ја почитуваат. Во неа исламот ќе се дефинира како аполитична религија.
Како што пренесува Би-Би-Си, Макрон во средата на состанок со исламските лидери му дал на Францускиот совет за муслиманската вера (ЦФЦМ) рок од 15 дена да прифатат повелба во која се вели дека исламот е религија а не политичко движење.
Во неа треба да пишува и дека е забрането „странско мешање“ во муслиманските групи во Франција, како и обврска дека ќе се почитуваат вредностите на Француската Република.
France’s President Macron asks Muslim leaders to accept “charter of Republican values” as part of clampdown on radical Islam https://t.co/vthX0vaO8d
— BBC News (World) (@BBCWorld) November 19, 2020
Макрон, како што се наведува, најавил и нови мерки во сузбивањето, како што кажа во повеќе наврати, на „исламистичкиот сепаратизам“ во Франција и предложил формирање на национален совет на имамите, што ЦФЦМ го прифатил.
Столбовите на француската држава се секуларизмот и правото на изразување мислење. Во исто време, во Франција живее најголемото муслиманско малцинство во Европа.