Свет 15. јануари 2019. / 20:46

Макрон тргна низ Франција да ги смирува протестите преку дебата

Макрон тргна низ Франција да ги смирува протестите преку дебата

Макрон денеска ја почна националната дебата , што ќе трае во наредните три месеци . Дебатата ја почна со 600 градоначалници и локални функционери во малото гратче во Нормандија , Гран Буртеролд , за да слушне поради што се загрижени Французите.

Тие изразија загриженост поради намалената куповна моќ на пензионерите и јавните службеници , на што Макрон рекол дека ќе им помогне така што ќе ги направи поодговорни , зашто според него ,,некои работат навистина , а некои само се меткаат”.

За ,,Жолтиоте елеци” изјави дека нивниот протест е добра можност за промени во државата , така што годинава ќе моѓже да се реформира пензискиот систем и да се смени положбата на работниците , каде едни имаат поголеми привилегии од другите.

Големата национална дебата би траела до 15 март и би се довивала преку локални состаноци и интернет . Би се дебатирало на четири главни теми и тоа куповната моќ , даноци, демократија и заштита на живитната средина.