Во време на пандемијата на Ковид-19, кога се чини дека европските земји се повеќе се разделени, шефот на француската држава Емануел Макрон ја демонстрира кохезијата на Европската унија со едно необично и неочекувано видео.
Макрон на својот Твитер профил објави видео каде се појавува со своите пријатели од Европската унија во обид да го заборави „мрачното расположение“ за време на пандемијата „Ковид-19“.
„Да се осмелиме, да се обединиме, да размислуваме и да дејствуваме за иднината, ова е европскиот дух што сè уште ни треба денес“,вели Макрон во видеото направено и коментирано од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со пораката: „Европа е слобода, толеранција, отвореност, разновидност, почит, иновација, креативност, динамичност. Европа е исто така солидарност и единство“.
Surmonter les crises, oser, réinventer, nous unir, penser et agir pour l’avenir, c’est cela l’esprit européen. https://t.co/3N0RqUJSK3
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) May 9, 2020