Свет 17. октомври 2019. / 22:38

Макрон смета дека турската инвазија на северот на Сирија може да ја оживее „Исламска држава“

Макрон смета дека турската инвазија на северот на Сирија може да ја оживее „Исламска држава“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денес ги повика партнерите од Европската Унија да се обединат во осудувањето на турската инвазија на северот на Сирија, и предупреди дека таа би можела да ја оживее џихадистичката организација Исламска држава.

Макрон во Брисел им кажа на новинарите дека сака ЕУ повторно да зборува со единствен, јасен и цврст глас и да го осуди нападот, пренесува Асошиејтед прес.

Тој вели дека ЕУ би требало да соработува со своите главни меѓународни партнери за да ја сопре офанзивата, која, според него, предизвика вистинска хуманитарна држава и ризикува да отвори простор за преродба на ИСИС.

Макрон побара од 28-те членки на блокот да се сложат и сите заедно да го сопрат извозот на оружје во Турција.