Свет 17. декември 2020. / 11:20

Макрон позитивен на Ковид-19

Макрон позитивен на Ковид-19

Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирусот, известуваат од Елисејската палата.

Во известувањето се вели дека претседателот направил тест веднаш штом му се појавиле првите симптоми. Тој ќе биде во изолација наредните седум дена.

-Тој ќе продолжи да работи и ќе се грижи за своите активности на дистанца, додаваат во краткото соопштението.

Се очекуваат повеќе детали од Елисејската палата.