Свет 30. август 2018. / 19:44

Макрон повика на солидарност во одбраната на ЕУ

Макрон повика на солидарност во одбраната на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воведување на принципот за солидарност во одбраната на Европската унија, односно воведување на нешто слично на членот 5 во повелбата на НАТО, кој предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите членки.

– Сакаме Европа да обрне грижа за својата стратегиска самостојност и да ја засили солидарноста во одбраната, изјави Макрон кој е во посета на Финска, во рамките на неговата турнеја по балтичките земји, каде некои од државите се особено загрижени од влошените односи со Русија.

Европската унија не е одбранбен сојуз како НАТО и Макрон потенцираше дека не сака да направи нешто што би одело во спротивност на НАТО. Но, изјавата доаѓа во време кога владејачки политичари и од Франција и од Германија оценуваат дека Европа мора да развие свои самостојни одбранбени и финансиски системи, и да има поголема независност од САД.