Првиот човек на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска околу пладне ги суспендираше сите состаноци и најави дека состанокот на Советот ќе продолжи утре во 11 часот.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, остро го критикуваше досегашниот тек на Самитот поради неуспехот да се донесе одлука околу новите лидерите на институциите на Унијата, но изрази надеж дека договорот ќе биде постигнат утре. Макрон во изјава за новинарите рекол дека е против проширувањето на ЕУ сѐ додека не се направат клични реформи во институциите на Унијата.
–Мораме да ги поедностаниме процедурите за да може на побрз и подемократски начин заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум во врска со приказните дека иднината на ЕУ е во нови проширувања во ситуација која ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ, рекол Макрон.