Свет 18. октомври 2018. / 20:52

Макрон: Не е вистина дека Франција подготвува визи за Британците

Макрон: Не е вистина дека Франција подготвува визи за Британците

Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска ги негираше наводите на британските медиуми дека Франција се подготвува да воведе визи за Британците во случај Европска унија и Велика Британија да не постигнат договор за Брегзит.

– Тоа е лажна вест, што би рекле некои лидери. Нема да воведеме визи, истакна Макрон во Брисел, каде се одржуваше Самит на лидерите на ЕУ за Брегзит, при што е договорено дека „27 лидери“ се подготвени повторно да се сретнат за да ги дефинираат условите за излегување на Велика Британија од европскиот блок штом биде постигнат напредок во преговорите.

– Во заклучоците се наведува дека не е доволен досегашниот напредок во преговорите и затоа не е планиран вонреден Самит за Брегзит во ноември, изјавија синоќа претставниците на ЕУ.Макрон: Не е вистина дека Франција се подготвува да воведе визи за Британците