Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година. Тој рече дека гневот на демонстрантите е на многу начини оправдан и прифати дел од вината за протестите.
Макрон објави дека се откажува од планираното зголемување на даноците за пензионерите со ниски примања. Покрај тоа, владата ќе побара од работодавците да им исплатат бонуси на вработените, кои нема да подлежат на даноци.
Многумина не беа задоволни од условите за живеење и се чувствуваа како никој да не ги слуша. Јас го разбирам и мојот удел во оваа ситуација. Можеби оставив впечаток дека имам други грижи и приоритети. Знам дека моите зборови повредија некого од вас, додаде Макрон.
Видовме многу насилство, кое е неприфатливо, и би сакал првин да ви кажам дека овие акти на насилство ќе бидат казнети. Сите бевме сведоци на сцени од луѓе што кршеа прозорци и бараа начини да предизвикаат немир. Нашата слобода постои само затоа што сите ние можеме да го изразиме нашето мислење. Кога се зголемува насилството, ја губиме нашата слобода, рече Макрон.
Потоа, тој зборуваше за причините што, според него, довеле до протестите.