
За разговорот со Трамп рекол дека бил “грозен”
Францускиот претседател Емануел Макрон, по углед на прускиот државник Бизмарк, за разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, но и други светски личности рекол дека се како колбаси, подобро да не знаето што има во нив.
Макрон тоа го рекол на заеничка конференција за новинари со изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, одговарајќи на прашање да објасни што мислел минатата недела кога рекол дека разговорот со Трамп бил “грозен”, пренесуваат светските медиуми.
Макрон парафрзирајќи го прускиот државник Ото фон Бизмарк објаснил зошто во принцип се воздржувал да ги коментира своите разговори со други светски лидери.
– Како што велел Бизмарк, ако им објаснуваме на луѓето како се прават колбасите, тешко дека повторно ќе ги јадат – јасен бил Макрон, пишува лондонскиот Гардијан.