Ангела Меркел одржала говор во кој ја нагласила потребата за давање повеќе власт на Европската унија, пишува германскиот дневен лист Die Welt.
Поточно, канцеларката истакнала дека европските земји треба да бидат подготвени да го доверат својот суверенитет на ЕУ. Германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон се согласиле ЕУ во иднина треба да добие повеќе власт, а тоа бара отстапки на сите нејзини земји членки, пишува Die Welt.
На Макрон му се допаднала изјавата на Ангела Меркел која зборувала за предавање на националиот суверенитет на земјите членки на ЕУ, пишува германскиот лист.
-Националните држави денес мораат – велам, мора – да бидат подготвени да го дадат својот суверенитет – рекла Меркел во средата, зборувајќи на состанокот Фондација Конрад Аденауер на темата “Парламентализам помеѓу глобализација и национални суверенитети”.
Меѓутоа, Меркел оваа изјава ја омекнала со изјавата дека тоа треба да се спроведе “организирано”.
-Државите треда бидат одговорни за потпишување на такви договори, со што одлуката прво треба мора да ја донесат во националните парламенти- додала германската канцеларка.
Во неделата францускиот претседател Емануел Макрон оджал говор во Бундестагот и барал “поголема Европа” со евидентено пренесување на националниот суверенитет наЕУ.
Спрема неговите зборови, секоја држава, но и заедно со другите, треба да има можност да донесе одлука за надворешна и развојна политика и прашања за миграцјаијата, пишува Die Welt.