Регион,Свет 04. ноември 2020. / 20:15

Макрон и Курц во Виена – заедно против исламскиот тероризам

Макрон и Курц во Виена – заедно против исламскиот тероризам

Францускиот претседател Емануел Макрон, во понеделник треба да отпатува за Виена, каде што ќе се сретне со австрискиот канцелар Себастијан Курц.

И двете земји во претходните неколку дена беа погодени од сериозни терористички напади, при што многумина ги загубија своите животи или беа повредени.

Неименуван претставник на австриската влада, за Франс Прес изјави дека тема на разговор на оваа средба ќе бидат терористичките напади во двете земји, борбата против радикалниот ислам, џихадистите во Европа и заштитата на државните граници. Покрај овие теми, Курц и Макрон ќе ги разменат своите мислења и ставови околу односите со Турција.

Австрискиот канцелар Курц, најави голема борба против политичкиот ислам и изјави дека тоа е идеологија која е некомпатибилна со европските вредности.