Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека погрешил со покачувањето на цената на горивото, што доведе до протести на „Жолтите елеци“ низ целата земја.
Макрон во изјава за каналот BFMTV истакна дека минатата година морале да бидат преземени мерки за да се подигне економскиот стандард на луѓето со ниски и средни приходи. Тој истакна дека во меѓувреме погрешно постапиле кога наместо тоа, ги зголемиле цените на горивата.
Францускиот претседател додаде дека требало да се воспостави одреден „процес на транзиција“ при истовремено зголемување на цената на горивото.
Макрон посочи дека не верува дека луѓето кои сега излегуваат на улиците се оние истите кои им се придружија на протестите на „Жолтите елеци“ пред една година.