Свет 01. јануари 2019. / 13:28

Макрон до „жолтите елеци“: Не може да работиме помалку, а повеќе да заработуваме

Макрон до „жолтите елеци“: Не може да работиме помалку, а повеќе да заработуваме

Додека „жолтите елеци“ се сеуште на француските улици, претседателот Емануел Макрон во новогодишното браќање им порача дека француската влада „може и подобро“ во унапредувањето на животот на француските граѓани.

– Ние можеме подобро и мораме подобро – рече Макрон синоќа во 16-минутниот говор од Елисејската палата.

Но 41-годишниот центрист пркосно ги повика гласачите „да ја прифатат реалноста“ дека зголеменото јавно трошење не е одговор на нивните проблеми и да се соочат со економската реалност, односно неодамна воведените реформи.

Макрон вети дека ќе ја продолжи својата реформска програма во 2019 година, и покрај протестите на „жолтите елеци“, како и поголема помош за невработените и за цивилните служби, и за јавните пензии, објави Ројтерс.

-Во изминатите години се впуштивме во отворено негирање на реалноста. Не можеме да помалку да работиме, повеќе да заработуваме, да ги намалиме даноците и да ги зголемиме трошоците – им порача Макрон на француските граѓани.

Макрон рече дека напорите за зајакнување на меѓународната контрола на имиграцијата и даночното затајување ќе бидат во центарот на предлогот до ЕУ, кој тој планира да го соопшти следната недела.

-Ова е линијата што ја следев уште од првиот ден од мојот мандат, а на која планирам да продолжам. Оваа наредна година, 2019, според моето мислење, ќе биде одлучувачка – рече Макрон.