Францускиот претседател, Емануел Макрон предупреди дека би можело да дојде до војна, доколку американскиот претседател, Доналд Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор.
„Би можеле да ја отвориме Пандорината кутија и да дојде до војна“, изјави Макрон за германскиот магазин „Шпигл“.
Сепак тој рече дека верува оти Трамп не сака војна. Американскиот претседател до 12-ти мај треба да одлучи дали САД ќе се повлече од договрот.