Свет 30. јуни 2020. / 12:13

(ВИДЕО) Сопружници во САД со оружје ги пречекаа демонстрантите против полициското насилство

(ВИДЕО) Сопружници во САД со оружје ги пречекаа демонстрантите против полициското насилство

Двајца Американци со оружје в рака ги пречекаа демонстрантите од движењето „Црните животи вредат“ (Black Lives Matter), откако толпата мина пред нивниот дом во Сент Луис, Мисури.

Мажот, Марк МекКласки, во рацете носеше полуавтоматска пушка АР-15, а сопругата Патриција МекКласки носеше пиштол. И двајцата се белци, додека повеќето демонстранти, како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, биле Афроамериканци.

Видеото на „Твитер“ меѓу другите го сподели и американскиот претседател Доналд Трамп.

Толпата од неколку стотици демонстранти марширала низ населбата Портланд Плејс кон куќата на градоначалничката Лајд Кревсон, за да протестираат поради нејзиниот потег кој ги налути: јавното читање на имињата и адресите на луѓето кои ја поддржуваат контроверзната кампања за укинување на средствата наменети за полицијата (Defund the Police), која некои критичари ја толкуваат како повик за укинување на органите на редот.

Демонстрантите марширале по улици на таканаречена оградена заедница.

Со нив низ населбата влегол и локалниот новинар Даниел Шулар, кој го снимил виралното видео, а толпата се решила на ваков потег со цел да го скрати патот и да ги заобиколи препреките и барикадите поставени на патот до куќата на градоначалничката.