Група мајмуни во Индија нападнала еден медицински работник и му ги украла примероците од крвта на пациентите кои имале позитивен тест за корона вирусот.
Како што пренесе агенцијата „Ројтерс“, нападот се случил неделава кога лабораторискиот техничар излегувал од медицинскиот факултет во Мируту, а во тој момент мајмуните ги зграбиле примероците и побегнале.
Како што објавија медиумите, украдени се примероците од четири пациенти заразени со Ковид-19.
Моравме повторно да им земаме крв – изјавил д-р. С.К. Гарг од Медицинскиот факултет.
Тој истакнал дека не знае дали мајмуните би можеле да се заразат ако дојдат директно во контакт со заразената крв.