Свет 27. јуни 2018. / 19:42

Мајка, ќерка и двата сина пронајдени искасапени во својот дом (ВИДЕО)

Мајка, ќерка и двата сина пронајдени искасапени во својот дом (ВИДЕО)

Стравична семејна трагедија се случила во Гунзенхаусен во Германија. Маж пријавил дека во станот затекнал безживотни тела на мајка и три деца, а тешко повреден е сопругот кој е пронајден пред зградата.

Еден од очевидците пријавил дека додека одел на работа видел човек како скока од балконот на третиот спрат.

Телата на мајката и нејзината 3-годишна ќерка, заедно со синовите на возраст од 7 и 9 години се пронајдени избодени во нивниот стан.

Полицијата затекнала страшна глетка. Како што неофицијално се дознава, мажот признал дека ја убил жената и трите деца и дека се обидуел да се самоубие скокајќи од тераса.

Соседите велат дека се работи за семејство со руско потекло.