Свет 04. март 2019. / 15:31

Мајка и нејзините четири деца од Хрватска изгореа во пожар во Германија

Мајка и нејзините четири деца од Хрватска изгореа во пожар во Германија

Мајка и нејзините четири деца изгореа во пожар во Германија, а според хрватските медиуми, станува збор за хрватско семејство, кое што имало германско државјанство.

Несреќата се случила во германскиот град Нирнберг. Во саботата, околу три часот наутро службите за итна помош добиле повик дека избувнал оган, но кога пожарникарите пристигнале на терен, им немало спас на жената и децата.

Најмалото бебе кое што се родило пред неколку дена починало во болница. Другите деца на возраст од четири, пет и седум години загинале на лице место.