За време на летото сите сакаме да се разладиме, па така и бебињата. Една мајка од Америка доживеала пекол на горештините, кога го ставила своето дете во базенче.
Имено, Доминик Вуџер од Аризона додека темепратурите биле 40 степени целзиусови, го ставила бебето старо девет месеци во базенче, а хоророт следел кога тоа почнало да вришти.
Таа почнала да го полни базенот со вода од црево, без да сфати дека цревото толку се угреало што водата е врела и бебето добило страшни изгореници.
Сега ги предупредува родителите да внимаваат на ова.