Свет 18. август 2019. / 19:28

Мадуро: Трамп го прави на Венецуела она што Хитлер им го правел на Евреите

Мадуро: Трамп го прави на Венецуела она што Хитлер им го правел на Евреите

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро повторно ги спореди постапките на претседателот на САД Доналд Трамп кон неговата земја со прогонот на Евреите во нацистичка Германија.

Тоа што тие нас ни го прават е скоро исто како она што нацистите го правеле во Европа, она што нацистите го правеле на Евреите и јас тоа го осудувам. Доналд Трамп го прави на Венецуела она што Адолф Хитлер го правеше на еврејскиот народ – прогон, напад, блокада – изјави Мадуро.

Исто така Мадуро навел дека има план за борба против блокадата која ја воведе Трамповата администрација, пишува „Eл Периодико“.

Мадуро го спореди Трамп со Хитлер и во ноември минатата година.