Свет 21. мај 2019. / 14:18

Мадуро ќе распише предвремени избори

Мадуро ќе распише предвремени избори

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, повика на предвремени избори за ново Национално собрание кое во моментов е под контрола на опозицијата.

Toj засега не посочи конкретен датум за новото гласање.

– Денеска и предлагам на опозицијата – да се соочиме на избори. Да спроведеме предвремени избори за Националното собрание, за да видиме кого поддржува народот. – повика Мадуро на протест.