Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, одговори на повикот на францускиот лидер Емануел Макрон да поднесе оставка, велејќи му дека е „незрел политичар“.
Како претседател на земјата, следејќи ги принципите на господинот Макрон, сакам да кажам дека претседателот на Франција требаше да даде оставка пред две години, кога „жолтите елеци“ излегоа на улиците на Париз, рече тој, пренесува „Белта“.
Како пример го посочи движењето „Црните животи се важни“, како и протестот на муслиманите во Марсеј и Лион и истакна дека Минск е подготвен да стане платформа за преговори на Макрон со тие групи со цел „да им ја предаде власта во нивни раце“.
Лукашенко додаде дека Макрон премногу внимание посветил на изборите во Белорусија.
Да потсетиме, масовните протести во Белорусија започнаа на 9 август по претседателските избори на кои Александар Лукашенко официјално победи, освојувајќи 80,1 процент од гласовите.
Сепак, опозицијата смета дека резултатите не се легитимни и дека на изборите победи главната противкандидатка на Лукашенко, Светлана Тихановскаја.