Свет 05. март 2019. / 18:54

Лондон во паника: Експлозивни направи испратени до аеродромот „Хитроу“

Лондон во паника: Експлозивни направи испратени до аеродромот „Хитроу“

Три експлозивни направи биле испратени до аеродромот Хитроу и управата на лондонските градски аеродроми, како и до железничката станица Ватерло.

Според полицијата, малите бомби можеле да предизвикаат мал пожар во моментот на отворање на пакетот.

Британската антитерористичка полиција покрена истрага за да утврди кој ги пратил трите мали бомби на двата аеродроми и железничката станица.

Полицијата ги следи овие три паратки како дела од иста акција и ги истражува мотивите, се наведува во соопштението.

Никој не бил повреден од експлозивните направи и немаат влијание врз одвивањето на сообраќајот.