Британската влада испратила писмо до новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое ја информира дека нема да номинира британски комесар пред изборите во Обединетото кралство на 12 декември.
Портпаролката на Фон дер Лајен денеска изјави дека новата претседателка на ЕК го одбила писмото синоќа.
Според правните толкувања изнесени од Фон дер Лајен, отсуството на британски комесар нема да го спречи новиот состав на ЕК да започне со работа.