Шефот на индонезискиот национален комитет за безбедност во транспортот, Соерјанто Тјахјоно, во неделата потврди дека се лоцирани двете црни кутии на урнатиот авион „Сривиџаја ер“ по речиси 24 часа траење на потрагата.
Воениот началник, Хади Тјаханто, рече дека се надева дека кутиите наскоро ќе бидат извадени.
Индонезискиот министер за транспорт, Буди Карија, потврди дека исчезнатиот лет на индонезискиот боинг во кој имало 56 патници и 6 члена на екипажот, се урнал во водите меѓу бројните острови близу главниот град Џакарта.