Свет 28. јули 2018. / 16:41

Лизгање на земјиште во Тајланд: 7 загинати

Лизгање на земјиште во Тајланд: 7 загинати

Во северниот дел на Тајланд дојде до свлечиште во кое животот го загубија 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите објавени во локалните медиуми, во подрачјето Бо Клуа, во провинцијата Нан, поројните дождови предизвикаа свлечиште.

Земја и карпи се урнале врз 4 куќи. Седум лица ги загубија животите, а две се водат како исчезнати.

Во веста се наведува дека во тек е спасувачка операција за извлекување на две лица од под свлечиштето.