Свет 22. август 2018. / 15:54

Литванија го преименуваа плоштадот пред руската амбасада во „Поддршка за демократите во Русија“

Литванија го преименуваа плоштадот пред руската амбасада во „Поддршка за демократите во Русија“

Плоштадот кој што се наоѓа спроти руската амбасада во Вилнус, главниот град на Литванија деновиве и официјално е преименуван.

Плоштадот сега го носи името на Борис Немцов, еден од најистакнатите руски опозиционери и противници на руската власт предводена од претседателот Владимир Путин, кој што беше убиен во 2015-та година.

После ваквата одлука на градските власти на Вилнус, рускиот амбасадор во Литванија, Александар Удалцов истакна дека одлуката е „мотивирана од политички причини“.

Градскиот совет на Вилнус во мај го одобри преименувањето на плоштадот по Борис Немцов, истакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин кој беше застрелан пред три години, а преименувањето беше комплетирано официјално овие денови.

Градоначалникот на Вилнус, Ремигиус Симасиус изјави дека таквиот потег е „оддавање на почит на сите демократи во Русија“, а литванската влада го поддржа преименувањето на плоштадот, истакнувајќи дека станува збор за значаен гест.

Рускиот амбасадор во Литванија, меѓу другото изјави дека Вилнус го имитира Вашингтон, чии што градски власти претходно во текот на оваа година по Борис Немцов именуваа дел од Авенијата Висконзин пред руската амбасада.