Свет 26. октомври 2020. / 16:26

„Лидл“ влегува во БиХ

„Лидл“ влегува во БиХ

Германскиот малопродажен синџир „Лидл“ размислува да влезе на пазарот во Босна и Херцеговина.

Како што пишува германскиот весник „Лебенсмител Цајтунг“, влегувањето на пазарот може да се случи веќе во 2022 година, а во зависност од големината на градовите што можат да го поддржат познатиот бренд, би можеле да се отворат до 30 продавници во земјата.

Компанијата забележа солидни перформанси во Хрватска и Србија, со тоа што, како што се наведува, Србија е посебна приказна за успехот од влегувањето на малопродажниот синџир.

„Лидл“ лесно може да ги снабдува објектите на БиХ од нејзините други операции на Балканот, кои работат добро оваа година и покрај проблемите предизвикани од пандемијата – пишува весикот.

Претходно годинава имаше информации дека „Лидл“ ќе дојде и во Македонија.