Десет луѓе се здобиле со изгореници во северен Лондон откако во оган запален на отворено поради еврејски празник, избувна експлозија, соопшти полицијата.
–Десет луѓе се здобиле со изгореници по палење оган на отворено како дел од празнување на локална еврејска заедница во Ревенсдејл роуд, на Стамфорд Хил, соопшти полицијата.
Во соопштението се додава дека нема информации за криминална дејност и сериозни повредени.
Експлозијата најверојатно била предизвикана откако во огнот бил фрлен мобилен телефон, јавуваат лондонски медиуми.