Свет 25. ноември 2019. / 15:54

Либиските сили по грешка собориле американски дрон

Либиските сили по грешка собориле американски дрон

Либиските сили што се обидуваат да го заземат Триполи минатата недела по грешка собориле американски дрон, објавија официјални лица.

Американската војска соопшти дека во четвртокот изгубила едно беспилотно летало за време на проценување на безбедносната состојба и следење на активностите на екстремистите.

Командата на американските сили во Африка не соопшти детали, наведувајќи дека во тек е истрага.

Самопрогласената Либиска национална армија (ЛНА), предводена од генерал Калифа Хафтар, во април почна офанзива за освојување на Триполи, откако претходните години од Исламска држава зазедоа поголем дел од источна Либија.

Либија сега е поделена на влада на исток, која се приклучи кон Хафтар и на запад во Триполи, поддржана од Обединетите нации.

Пред неколку дена, припадници на ЛНА соборија и италијански дрон југоисточно од Триполи.