Свет 15. август 2018. / 16:28

Летовите од аеродромот „Шипол“ во Амстердам се нормализираат

Летовите од аеродромот „Шипол“ во Амстердам се нормализираат

Проблемот во системот за контрола на летовите на аеродромот „Шипол“ во Амстердам, каде што денеска имаше кус прекин на влезни и излезни летови, е отстранет и летовите постепено се нормализираат, соопшти контролата на летови од аеродромот „Шипол“.

Официјалните лица од аеродромот велат дека ќе треба извесен период пред службите да бидат целосно вратени во нормала, но додадоа дека се работи на решавање на сите проблеми.

Околностите на овој настан се под истрага.