Свет 18. април 2020. / 08:58

Лекови, вакцини и терапии што се тестираат во светот за борба против Ковид-19

Лекови, вакцини и терапии што се тестираат во светот за борба против Ковид-19

Во светот се одвиваат повеќе од 200 различни програми за развој на вакцини и за терапии за лекување на болните од Ковид-19.

Светски познати фармацевски компании и истражувачи се ангажирани во борбата против пандемијата. Блумберг направи список и анализа на сите овие продукти.

АНТИВИРУСНИ ЛЕКОВИ

Овие лекови дејствуваат на тој начин што го спречуваат вирусот да ги реплицира заразените клетки. Специфичен таков лек за Ковид-19 не постои, па се тестираат лекови за маларија, за ХИВ, за хепатитис Ц, за грип итн. Ова се водечките медикаменти од таа област:

Ремдесивир (од Gilead Sciences Inc)

Првите проби покажуваат дека пациентите заболени од Ковид-19, кои се на третман со експерименталниот лек ремдесивир, закрепнуваат брзо, а повеќето од нив си одат дома за неколку денови. „Гилед“ го спонзорира тестирањето на лекот на 2.400 пациенти со тешки симптоми во 152 студии ширум светот. Исто така, се испитува како делува овој лек и врз 1.600 пациенти со средно тешки симоптоми во 169 болници во светот. Резултатите од овие истражувања се очекуваат до крајот на масецов.

Хидроксихлороквин и хлороквин (од Teva Pharmaceutical Industries Ltd., Sanofi, Mylan NV, Natco Pharma Ltd., Novartis AG, Bayer AG и други компании)

Претседателот Доналд Трамп го протежираше овој лек, покрај ограничените проби. Додека пробите и клиничките студии се вршат во повеќе земји, побарувачката расте, бидејќи овој медикамент се користи и за други болести, како лупус. Две студии, на Дјук Универзитетот и на Универзитетот во Вашингтон, би можеле да бидат готови во мај. Постои загриженост за безбедноста на лекот, а Франција извести за 43 срцеви инциденти поврзани со него. Но, исто така има и извештаи за делотворноста на овој лек во комбинација со антибиотикот азитромицин,

Фавипиравир или „Авиган“ (од FujiFilm Holdings Corp. од Јапонија)

Една студија со 80 пациенти во март покажала дека лекот е делотворен, пишува Блумберг. Лекот веќе се користи во Турција, Бугарија, Чешка и во дваесеттина други земји во светот.

Крвна плазма од ковалесценти (TAK-888 од Takeda Pharmaceutical Co.)

Гигантот „Такеда“ утврди дека крвната плазма од излечени пациенти содржи антитела кои можат да се борат со инфекцијата и таа може да им се дава на болните од Ковид-19 како лек.

ВАКЦИНИ

Вакцината против Ковид-19 треба да обезбеди широко распространет имунитет против вирусот. Ќе биде потребни извесно време да се добие вакцина, бидејќи истражувачите треба да бидат сигурни дека таа е безбедна, пред да ја тестираат врз здрави луѓе. Според Светската здравствена организација, во моментов се работи на 70 вакцини. Ова се најветувачките:

mRNA-1273 (од Moderna Inc.)

Националниот институт за алергии и инфективни болести, дел од Националниот институт за здравје во САД, проучува вакцина на 55 пациенти и набрзо, кон крајот на мај или во јуни, може да се очекуваат првите резултати. На 16 април компанијата најави дека ќе добие 483 милиони долари од владата на САД за развој на вакцината.

Неименувана вакцина од „Johnson & Johnson“

Гигантот „J&J“ планира да почне проби со луѓе во септември и ако пробите бидат успешни, да произведе 1 милијарда дози. Компанијата најави дека нејзините вакцини ќе бидат спремни за итна употреба до јануари. Таа има договор со Одделението на владата на САД за биомедицински истражувања (БАРДА) вреден една милијарда долари.

INO-4800 (од Inovio Pharmaceuticals Inc. од Кина)

„Иновио“ ги почна своите истражувања за вакцина рано во почетокот на април, а поголема студија се очекува до крајот на годината.

BNT162 (од германски BioNtech и Pfizer)

Германската компанија во соработка со „Физер“ од март годинава развиваат вакцина врз база на постоечка вакцина против грип. Клиничките тестирања треба да почнат во април.

l Ad5-nCoV (од CanSino Biologics Inc.)

Вакцината на „Кансино“ се развива во војската на Кина. Првата студија за безбедноста на вакцината е завршена во април. Компанијата најави дека набрзо ќе спроведе поголема студија за да ја докаже и ефикасноста на вакцината.

NVX-CoV2373 (од Novavax)

Оваа компанија во април избра кандидати за тестирање, откако утврди силен имунолошки одговор кај нејзиниот производ при тестирање на животни. Првото тестирање со 130 луѓе се очекува во средината на мај, а првите прелиминарни резултати во јули.

ТЕРАПИИ ЗА ПОДДРШКА

Терапиите за поддршка им помагаат на пациентите заболени од ковид-19 да се справат со последиците на болеста, како што се тешкотиите при дишењето и силниот воспалителен одговор на телото. Овие лекови ја дополнуваат терапијата за Ковид-19. Еве ги најпознатите:

Кевзара (од Regeneron Pharmaceuticals Inc. и Sanofi)

Ова е лек против воспалението. Докажан е кај ревматидниот артритис и може да им помогне на тешко болните пациенти со респиратнорни проблеми. „Регенерон“ и „Санофи“ почнаа студија во САД со 400 пациенти, а резултатите би можеле да бидат познати до крајот на април. Се очекуваат и други студии, надвор од САД.

Ацтемра, сама или во комбинација со Авиган (од Roche Holding AG, Chugai Pharmaceutical Co.)

Ацтемра исто така е познат лек против артритис. Roche, во соработка со ФДА (Американската агенција за примена на храна и лекови) и со БАРДА, во април почна со проби со 300 хоспитализирани пациенти од Ковид-19 со тежок облик на пневмонија.