Свет 10. април 2020. / 12:09

Лекари во Русија користат роботи за да откријат дали некој е заразен со корона вирус

Лекари во Русија користат роботи за да откријат дали некој е заразен со корона вирус

Во време на пандемијата на корона вирус, руските лекари почнале да користат современа технологија за откривање на заразени луѓе со Ковид-19. Како што пишуваат локалните медиуми, оваа вештачка ителигенција веќе некое време се користи за откривање рак на белите дробови кај луѓето, а сега сите сили се насочени кон откривањето позитивни случаи на корона вирусот.

Во моментов, во архива се наоѓаат околу 54.000 снимки од магнетна резонантна томографија, мамографија и рентгенски снимки, а како што потврдија од Одделението за здравство, програмот поседува алгоритам кој овозможува технологијата да се користи за откривање знаци на вирусот Ковид-19 и на пневмонија.

Оттаму велат дека системот на вештачка интелигенција овозможува да се откријат патолошките промени на белите дробови кај пациентите, а самиот робот ја проценува снимката и им ја испраќа на лекарите во рок од 15 минути. Доколку роботот се посомнева дека нешто не е во ред, тогаш врежува специјална ознака на снимката за да можат лекарите да ја анализираат прогнозата.

Програмот овозможува брзо да се изработат сите дигитални снимки, а роботот им ги праќа на лекарите. Снимките на пациентите кај кои е откриена патологија ќе бидат означени со црвена боја, а така лекарите ќе можат да работат најпрво со тие пациенти. Тие луѓе ќе им бидат приоритет за лекарите – изјавила шефицата на Медицинскиот информативно-аналитичкиот центар во Русија, Олга Белорус.