Свет 04. јануари 2021. / 15:06

Лекар им отпишал долг од 650.000 долари на пациенти болни од рак

Лекар им отпишал долг од 650.000 долари на пациенти болни од рак

Добродушен лекар од Арканзас им отпишал 650.000 долари долг на пациенти болни од рак.

Д-р Омар Атик испратил честитки за празниците на адресите на речиси 200 пациенти болни од рак пишувајќи дека им се простени долговите во неговиот центар за третман на карцином, пишува „Арканзас демократ газета“.

Центарот работел 20-ина години, но морало да се затвори во февруари 2020 година поради недостиг на персонал.

Клиниката се откажува од сè што нејзините пациенти должат. Мислевме дека нема подобро време за тоа од празниците, се вели во соопштението.

Но, не биле сите изненадени од гестот.

Да го знаевте д-р Атика, оваа одлука немаше да биде толку чудна. Тој е еден од најпаметните лекари што некогаш сум ги сретнал, но исто така е и еден од најчувствителните, изјавил Дејвид Ротен, извршен потпретседател на медицинското друштво во Арканзас.