Свет 01. февруари 2020. / 19:49

Ле Пен за Брегзит: Велика Британија по бројни епизоди, конечно стекна слобода

Ле Пен за Брегзит: Велика Британија по бројни епизоди, конечно стекна слобода

Претседателката на француската екстремна десничарска партија „Национално обединување“, Марин Ле Пен го поздрави „враќањето на слободата“ во Велика Британија.

Таа оцени дека брегзит е застрашувачки неуспех на ЕУ, која би требало да се претвори во европски сојуз на народот.

„Национално обединување“, а претходно „Национален фронт“ од 2017 година повеќе не се залага за излез на Франција од ЕУ, туку за промени внатре во Унијата.

Велика Британија по бројни епизоди, конечно стекна слобода, А тоа е застрашувачки неуспех за ЕУ, рекла Ле Пен во Лил и додала дека е изненадена што брегзит не предизвикал многу коментари, бидејќи еден од основачите на ЕУ„ тукушто ја тресна вратата.

Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург во 1957 година ги поставија основите на ЕУ. Велика Британија се приклучија на Унијата дури на 1 јануари 1973 година.

Марин Ле Пен оценува дека за неколку месеци и години сите ќе забележат дека Велика Британија добро постапила и дека најверојатно ќе има голема корист од излезот од ЕУ.