Марин Ле Пен, лидерката на десницата во Франција, ги повика европските десничарски партии да се обединат против либералниот естаблишмент на изборите за Европскиот парламент следната година.
Обраќајќи се пред поддржувачите на нејзината партија, Национален фронт, во францускиот град Фрежис, Марин Ле Пен ги критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон, Брисел и имиграциската политика.
Говорејќи пред претставници на десничарската Партија на слободата на Австрија, предводена од Хајнц Кристијан Штрахе, и италијанската Лига, предводена од Матео Салвини, Ле Пен рече:
„Ние сме партии кои жестоко ќе се бориме да ги одбраниме нашите народи и нашата цивилизација“.
Таа истакна дека нејзината партија ќе води кампања за изборите за Европскиот парламент во мај следната година во соработка со сојузниците од Европа.