Свет 08. април 2020. / 14:57

Ле Маир: На ЕУ и е потребен одговор на Ковид-19 за 24 часа

Ле Маир: На ЕУ и е потребен одговор на Ковид-19 за 24 часа

Европа мора да се согласи на одговор во следните 24 часа, изјави во средата францускиот министер за економија Бруно Ле Маир, по неуспешните преговори меѓу министрите за финансии во еврозоната за мерките против корона вирусот.

-Неуспехот не е опција, изјави Ле Маиер за време на прес-конференцијата по 16-часовната средба на Еврогрупата.

Министрите не се согласија дали да издадат т.н. корона-обврзници за да помогнат во зајакнувањето на економиите за време на пандемијата од Ковид-19, како и за условите за издавање заеми за Европскиот механизам за стабилност.

Сепак, оптимизам искажа германскиот министер за финансии кој по средбата изјави дека договорот во Еврогрупата за поддршка на европската економија е „блиску“ и „се надеваме“ дека ќе биде постигнат до 12 април.

Европските министри за финансии водеа 16 часа разговори за да постигнат консензус за економскиот одговор за блокирање на кризата предизвикана од пандемијата со корона вирус.