Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Русија нема намера да се врати во Г-7.
Тој истакна дека земјата „никогаш не сакала да се враќа“ во елитниот клуб, од кој беше исклучена во 2014 година по анексијата на Крим и избувнувањето на конфликтот со проруски сепаратисти во источна Украина.
„Русија е задоволна од работата во формат Г20“, рече Лавров.
Тој објасни дека во оваа поголема група „ултиматумот не се доволни и имате потреба да постигнувате договори“.
„Мислам дека (Г-20) е најветувачки формат за иднината“, додаде рускиот министер за надворешни работи.
Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп повика на враќање на Русија во Г-7. Канада, Обединетото Кралство, Германија и Франција се спротивставија на тоа, само Италија ја поддржува идејата на Трамп.
Односите меѓу Русија и Западот се на најниска точка по крајот на Студената војна поради конфликтите во Сирија и Украина, наводната руска интервенција во изборите во САД и труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.
Претходно, италјанскиот премиер Џузепе Конте изрази надеж за можно најскоро враќање на Русија во групата Г-7.
„Италија смета дека е важно да се води дијалог си Русија, но тоа не значи дека (антируските санкции) можат да биде укинати од „денеска за утре“, нагласи Конте во рамки на Самитот на Г-7 во Ла Малбе“, смета Конте.
Тој наведе дека земјите од Г-7 се согласни за неопходноста од модернизирање на меѓународниот трговски систем.