Свет 27. септември 2018. / 12:24

Лавров побара од официјалните лица на Велика Британија да соработуваат за случајот Скрипал

Лавров побара од официјалните лица на Велика Британија да соработуваат за случајот Скрипал

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров побара од официјалните лица на Велика Британија да соработуваат во случајот со труењето на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал.

„Уште еднаш го повикуваме Лондон да воспостави продуктивен дијалог за утврдување на вистината“, рече Лавров на седницата на Советот за безбедност на Обединеите Нации.

„Британија упорно ја одбива заедничката истрага, која многупати ја предложивме“, рече Лавров и праша дали Лондон нешто крие бидејќи не сака да соработува.

Поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа отруени на почетокот на март во Солзбери со нервен агенс, а за нивното труење, Велика Британија ја обвини Русија, што Москва го демантираше.