Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира средба со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон во Москва, jaвија руски медиуми.
Болтон ќе ги посети Лондон и Рим од 25 до 27 јуни, каде што со британските и италијанските официјални претставници разговара за безбедноста, по што ќе отпатува за Москва на консултации за потенцијален состанок помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, напиша на Твитер портпаролoт на Болтон, Гарет Маркиз.
Рускиот претседател потврди на 10 јуни дека ќе се состане со Трамп штом Вашингтон е подготвен да го стори тоа.