Свет 10. април 2018. / 13:02

Лавров ќе го посети Пјонгјанг

Лавров ќе го посети Пјонгјанг

Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, изјави дека ја прифатил поканата од својот севернокорејски колега Ри Џонг-хо да го посети Пјонгјанг, за време на нивната средба денеска во Москва, објави „Раша тудеј“.

Според високи руски претставници, преговорите за ситуацијата на Корејскиот Полуостров би можеле да резултираат со нуклеарно разоружување на регионот.

„Русија ја поздравува постепената нормализација на состојбата помеѓу двете Кореи и ги поддржува контактите меѓу Северна Кореја и САД“, изјави Лавров по средбата со Ри.