Во Мексико минатата година се извршени 34.582 убиства, најмногу од 1997 година, кога почна да се води таква статистика.
Тие бројии што ги објави мексиканската полиција, значат дека во просек се случувале по 95 убиства на ден или по четири убиства на час, што е за 2,5 проценти повеќе од минатата година.
Мексико има 126 милиони жители, а проблемот со убиствата се влошува од 2006 година, кога се засили борбата против нарко-картелите, во која е вклучена и армијата.
Од 2006 година во Мексико се убиени речиси 275.000 луѓе.