Лабораториите во Германија го зголемија својот капацитет за обработка на тестови за корона вирус на 700.000 неделно.
Минатата недела, капацитетот на 116 лаборатории во земјава беше 640.000. Според Асоцијацијата на акредитирани лаборатории, минатата недела се извршени 292.000 тестови, а претходната 268.000.
Во петокот, Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ препорача проширено тестирање за вирусот за да се опфатат сите лица со симптоми на респираторната болест, без разлика дали претходно имале контакт со пациент со Ковид-19.